Трета лигаФудбал

Денес на Спортска Мрежа на YouTube премиерно: Светлост Зрновци – Тиверија, 12 коло Трета лига – Исток

Сподели
Сподели

Денес во 18 часот ќе имате можност премиерно да го проследите натпреварите од 12. коло на Трета лига – Исток меѓу екипите на Светлост Зрновци и Тиверија.

Ова е меч кој беше одигран на 31 март годинава, а истиот понуди неколку одлични погодоци, голема борба на теренот за трите бодови, одлични шанси за кои можат да жалат екипите.

Целта на Спортска Мрежа е преку премиерно прикажување на натпреварите од Третата македонска фудбалска лига да им дадеме уште поголем медиумски простор на третолигаши, а од друга страна за поголема афирмација на Трета лига, клубовите и играчите.

Натпреварот премиерно ќе се прикажува на нашиот YouTubu канал Спортска Мрежа Podcast со почеток од 18 часот, каде што ќе имате можност да коментирате во живо за наттпреварот меѓу Светлост Зрновци и Тиверија, но и општо за Трета лига и мак фудбалот.

На линкот подолу ќе биде достапен натпреварот, а премиерното прикажување започнува во 18 часот, ве очекуваме заедно да го следиме мечот.

  • ПРЕМИЕРНО: СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ – ТИВЕРИЈА, 12 КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!