Ракомет

Сафранко: Секогаш ни се повторува истото, немаме среќа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид одигра одличен натпревар и даде силен отпор кон шампионот Еурофарм Пелистер, но на крај „гладијаторите“ загубија со 23:26.

Ракометарот на Охрид, Рудолф Сафранко, за Спортска Мрежа истакна дека многу ја сакале победата на денешниот меч, но додава дека секогаш се повторува тоа да немаат среќа.

„Па, цело време бевме тука некаде, блиску.. многу ја сакавме победата, имавме и повредени играчи, но сепак не излеговме само да играме, туку и да победиме на овој натпревар, што се виде и по желбата и сè што се случуваше на теренот.. и на крајот не знам, секогаш ни се повторува истото.. немаме среќа, не знам.. тажен сум, моментално и емотивен и тешко ми паѓа овој пораз сега“, рече Сафранко за Спортска Мрежа.

Во следното коло Охрид ќе игра против Вардар во Скопје, а пак Еурофарм Пелистер дома ќе игра со Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!