Ракомет

„Нема лесен противник во плеј-офот“ – Кузмановски со респект за Охрид

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Шампионот Еурофарм Пелистер забележа победа во „Билјанини Извори“ откако со 23:26 го доби Охрид во рамки на 2. коло на плеј-офот на Суперлигата.

Шампионот се намачи одново против Охрид, кој одново се покажа дека е тежок и тврд противник во „Билјанини Извори“.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски во изјава за Спортска Мрежа истакна дека нема лесен противник во плеј-офот и дека тие се подготвуваат максимално за секој меч.

„Пред сѐ, максимално се подготвуваме за секој натпревар, секое гостување е навистина тешко во плеј-офот, нема лесен натпревар и не треба никого да потцениме особено не Охрид. За сите противници се спремаме максимално, сакаме да изгледаме како Лигата на шампионите и да имаме таков пристап, и мислам дека тоа и го покажуваме. Нормално, Охрид никако не треба да го потцениме затоа што и за следната година, па и за во иднина, покажува како треба да изгледа и да се гради еден тим, имаат многу звучни имиња за следна сезона и веруваат во тој проект, градот живее за ракометот, како и нашиот, секако, мислам дека денес бевме вистинска екипа, поддржани со нашата навивачка група „Чкембари“, која секогаш е во максимален број и тоа ни дава голема поддршка и навистина многу ни значи“, рече Кузмановски за Спортска Мрежа.

Кузмановски за Спортска Мрежа го најави и следниот меч со Алкалоид кој го играат во Битола.

„Одиме напред, навистина сакаме да постапиме шампионски и за следниот натпревар заслужено да ја наполниме салата и да го пречекаме Алкалоид, за секој натпревар се спремаме максимално, па така и за нив. На секој натпревар сакаме да одиме на победа и оваа година сакаме да бидеме шампиони и тоа треба да го покажеме и на теренот“, рече Кузмановски во изјавата за Спортска Мрежа.

Кузмановски беше најдобар стрелец на мечот против Охрид со постигнати 12 гола.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!