ФудбалФудбалска репрезентација

Женската фудбалска репрезентација на Македонија поразена од Летонија во Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домашен терен во рамките на второто коло од групата 6 (сегмент Ц) од новото издание на Лигата на нации за пласман на СП 2027.

ФОТО: ФФМ

На тренинг центарот „Петар Милошевски” двете репрезентации одигра доста возбудлив натпревар со многу пропуштени прилики за гол. Репрезентација на Летонија одлично го започна натпреварот и рано во 2. минута успеа да поведе. Стрелец на водечкиот погодок беше Миксоне.

ФОТО: ФФМ

Македонија предводена од селекторот Александар Андов брзо ги стабилизираше своите редови, наметна иницијатива и сосема заслужено во 31. минута од средбата преку Максути успеа да го изедначи резултатот.

ФОТО: ФФМ

Миксоне во 81. минута уште еднаш се запиша во листата на стрелци поставувајќи ги конечните 2:1 за Летонија. На 8. април, женската репрезентација на Македонија на гостински терен ќе игра против Косово во рамките на третото коло од нашата група.

ФОТО: ФФМ

Следниот натпревар за Македонија ќе биде против Косово во Приштина, а истиот се игра веќе во вторник, каде Македонија ќе ја бара првата победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!