Останато

Наковски Волеј максимално го совлада Фит Фан Волеј и обезбеди финале од Купот на Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Наковски Волеј со 3-0 го доби Фит Фан Волеј и обезбеди финале во одбојкарскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Наковски Волеј кој веќе е чекиран во големото финале ќе го чека подобриот од вечерашниот полуфинале дуел кој е „финале пред финалето“ меѓу Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ, а кој ќе започне во 19 часот

Фит Фан Волеј одлично го отвори првиот сет кога со предност од 1:4, а потоа Наковсли Волеј дојде до израмнување од 4:4 во поени, а потоа следуваше и водство на струмичкиот тим од 7:5, а на следниот поен за Наковски Волеј за 8:5, екипата на Фит Фан Волеј побара и тајм-аут.

Следуваше нов поен за водство на Наковски Волеј за 9:6, а потоа лесно тимот дојде и до 10:6 со што Наковски Волеј започна да гради посериозна разлика. Со поен за Милева екипата на Наковски Волеј имаше 11:7.

Во продолжението на првиот сет Наковски Волеј дојде и до плус шест при 16:10, а предноста се зголеми и до 17:10, по што Фит Фан Волеј повика нов тајм-аут.


До нови плус седум Наковски Волеј дојде кога резултатот на сефаморот беше 20:13, а потоа со ас сервис и 21:13. Фит Фан Волеј направи нова измена, а со сервис во аут резултатот беше 22:14.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Првиот сет Наковски Волеј го доби со 25:14 за 1-0 во сетови во првиот полуфинален меч против Фит Фан Волеј.

Во вториот сет одбојкарките на Наковски Волеј отворија одлично, но Фит Фан Волеј заигра многу подобро во однос на првиот сет и тоа понуди комплетна неизвесност, па така се играше поен за поен кога резултат на семафорот беше 9:9, играта на Фит Фан Волеј беше поздравена од публиката, но веднаш потоа Наковски Волеј поведе на 11:9. При резултат од 12:9 за Наковски Волеј, противникот повика тајм-аут, а потоа Фит Фан Волеј влезе во серија за 13:11.

При 14:13 екипата на Наковски Волеј повика тајм-аут, а по истиот Фит Фан Волеј до ново изедначување на резултат на 14:14, а тоа ги собра аплаузите на публиката во СРЦ „25 Мај“.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Во повеќе од неизвесна игра на двете екипи Наковски Волеј дојде до 19:16, а веднаш на тоа реагираше Фит Фан Волеј со нов тајм-аут. Наковски Волеј дојде до 22:19, но лесен поен за Фит Фан Волен за 22:20. На сервис беше Мицковска, но сервисот беше во аут, а резултат беше 23:20.

Наковски Волеј сетот го доби со 25:21 за 2-0 во сетови во однос на Фит Фан Волеј во вториот полуфинален меч.


Третиот сет одлично го отвори Наковски Волеј и имаше 7:3, а на 10:6 беше побаран тајм-аут од струмичкиот тим, а по истиот Наковски Волеј имаше 13:8. Во продолжение Настевска со поен за Фит Фан Волеј намали на 17:12.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!

Наковски Волеј сетот го доби со 25:18 за трумф од 3-0 во сетови над Фит Фан Волеј и со тоа се пласираше во големото финале, каде ќе го чека подобриот вечерва од 19 часот меѓу Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ.

Потсетување, како што веќе ексклузивно објави Спортска Мрежа, бесплатен ќе биде влезот за утрешното финале и во машка и во женска конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!