Останато

Бесплатен влез на финалните натпревари од одбојкарскиот Куп на Македонија во Радовиш!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Утре се играат финалните натпревари од одбојкарскиот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Како што дознава Спортска Мрежа донесеа е одлука за утрешното финале во женска конкуренција која ќе започне во 16 часот и за финалето во машка конкуренција кое ќе започне во 19 часот да не се наплаќа влез, односно влезот да биде бесплатен.

Завршницата од Купот на Македонија се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш, а во големот финале кај мажите се пласираа Штип УГД и Струмица со што ќе гледаме реприза на ланското финале, а пак денес се играат полуфиналните натпревари со што ќе бидат познати екипите кои ќе бидат дел од големото финале кај дамите.

Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, која игра од 17 часот. Второто полуфинале уште по ждрепката го доби епитетот „финале пред финалето“, а во него од 20 часот ќе се соочат Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ.

Победниците ќе го играат финалето кое на програмата е утре од 16 часот.

Сите љубители на одбојката, навивачи, поддржувачи можат да дојдат и да проследат два одлични финални натпревари и уште еднаш, влезот е бесплатен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!