Младиот и талентиран Дамјан Антевски со нов еврогол, овој пат во убедливата победа на Аеродром од 4:1 над некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ во рамки на 17. коло на Третата македонска фудбалска лига – Север. 19-годишниот Антевски голот го постигна во 28. минута за 1:1, откако претходно гостинот го отвори резултатот за водство.
Погледнете го овој атрактивен еврогол на Антевски, кој претходно имаше два еврогола и на мечот против Кадино.
- ЕВРОГОЛОТ НА ДАМЈАН АНТЕВСКИ ПРОТИВ ЕУРОМИЛК ГЛ: