Втора женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Лидерот Кочани ги собра трите бодови во Радовиш, Блажеска Ѓорѓиоска со хет-трик за Порече, Билјанини Извори го „здроби“ Борец

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се комплетираше 10. коло на Втората женска фудбалска лига, со трите одложени натпревари поради големата трагедија во Кочани.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица – Кочани | Забрането превземање!

Колото беше отворено на 15 март кога Вардар со 0:8 го декласираше дебитантот Слободен, а денес беа одиграни останатите три меча. Натпреварот во Радовиш започна со минута молк во чест на трагично загинатите 59 лица во големата трагедија во Кочани.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица – Кочани | Забрането превземање!

Во Радовиш лидерот Кочани однесе висока победа од 0:8 над Плачковица, во меч каде фаворитот сосема очекувано беше дека ќе дојде до победа поради големата разлика во квалитет. Во првиот дел беа постигнати шест погодоци за 0:6 по првите 45 минути, откако хет-трик постигна искусната поранешна репрезентативка Афродита Салихи, а по еден гол во првиот дел постигнаа и Ангела Стојковска и Лина Мицовска.

На почетокот од вториот дел од натпреварот во Радовиш, започнаа обилни врнежи од дожд.

  • АТМОСФЕРА ОД НАТПРЕВАРОТ МЕЃУ ПЛАЧКОВИЦА – КОЧАНИ:

Во вториот дел гостинот постигна уште три гола, откако Нина Манасиевска погоди за 0:4, а потоа Андреа Донева и Џенита Кицара постигнаа погодоци за 0:6.

Кочани и натаму е лидер на табелата, но и прв фаворит за враќање во Првата женска фудбалска лига, а битката за баражот ќе ја продолжат Вардар и Билјанини Извори од Охрид.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Плачковица – Кочани | Забрането превземање!

Порече ја оправдата фаворитската улога откако со високи 6:0 го совлада тимот на Победа Валандово. Натпреварот кој се играше во Македонски Брод беше решен во првиот дел откако на полувреме резултатот беше 4:0.

Капитенката на домашниот тим Јована Блажеска Ѓорѓиоска постигна хет-трик,а во првиот дел погоди и Ангела Наумоска, која пак во вториот дел постигна уше еден гол, а во второто полувреме гол постигна и Маријана Цветкоска.

ФОТО: Екипата на Порече на денешниот натпревар против Победа Валандово

Највисока победа однесе екипата на Билјанини Извори откако на гостување во Велес со превисоки 0:11 го декласираше Борец. Повеќе од јасно беше дека екипата на Билјанини Извори ќе забележи висока победа и дека трите бодови ќе заминат во Охрид.


Ева Андонова постигна пет гола за тимот од Охрид, хет-трик за Викторија Спасоска, два гола постигна Марија Јучловска, а пак еден гол постигна Стефанија Ристова.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК КОЧАНИ 10 9 1 0 74 7 +67 28
2 ЖФК Вардар 2023 10 8 1 1 67 6 +61 25
3 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 10 7 1 2 57 13 +44 22
4 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 10 4 1 5 26 26 0 13
5 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 10 4 1 5 22 27 -5 13
6 ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО 16 10 1 3 6 7 59 -52 6
7 ФК Слободен/ЖФК 10 0 3 7 5 57 -52 3
8 ЖФК БОРЕЦ(-3) 10 1 1 8 8 71 -63 1

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Вечерва четири нови дуели на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе има атрактивни соочувања!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ продолжува вечерва во Дебреште со нови четири натпревари, кои повторно носат интересни пресметки...

Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од Делчево го промовираше Владимир Дујовски како најново засилување. 30-годишниот играч за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од...

Прва лигаФудбал

Максимов: Шкендија можеби го има најдобриот тим во лигата, кај нас владее одлична атмосфера

Методи Максимов со гол се врати во Брегалница откако погоди против Арсими...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!