Денес се комплетираше првото коло од Третата македонска фудбалска лига – Север со натпреварите од 1. коло во кое вниманието беше на дербито меѓу БВК Коњаре и Шкендија од Арачиново кое заврши со триумф од 0:2 за гостинската екипата.
Руфат Чалафи во 17. минута погоди од белата точка за водство на Шкендија од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме, а во истото неколку шанси не искористи екипата на Шкендија. Статистички повеќе шанси имаше Шкендија.
Во вториот дел по нафрлена топка од корнер од страна на Бујар Иљази топката се одби од Адем Аџами кој ја смести во сопствената мрежа со што капитенот на домашнито тим си постигна автогол за конечни 0:2.
До крајот на мечот и домашниот тим имаше неколку шанси, како и Шкендија, но мрежите мируваа.
Фортуна со 4:2 го декласираш Башкими Љуботен во меч каде Орхан Мифтар постигна хет-трик за домашниот тим, а еден гол беше дело на Иљми Кадриу. За гостинскиот тим погодија Авдали и Курти.
Девет погодоци паднаа во Доброшане за триумф на Беса Влазрими од 6:3 над Риниа. Херој за домашниот тим и најдобар играч на натпреварот беше Мерван Фетаи кој постигна хет-трик за домашниот тим, а по еден гол за домаќинот постигнаа Бајрами, Касуми и Сулимани. За гостинскиот тим стрелци беа Сулејмани, Абдула и Арифи, кои стрелаа во вториот дел.
Дебитантот во Трета лига – Север, екипата на Ржаничино со голем пораз ја започна новата сезона откако на домашен терен беше поразен со 1:4 од некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ.
Фаворитската улога беше на страна на Еуромилк ГЛ кој има амбиции да го напаѓа првото место за бараж и Втора лига, а тоа беше потврдено со брзо водство од 0:3 за гостинот. По само четири минути игра младиот Ангел Настевски постигна гол за 0:1, а веќе во 11. минута Ферди Исмаиловски погоди за 0:2.
Во 29. минута капитенот Зоран Тасески од пенал погоди за 0:3. Во 35. минута Филип Маневски погоди за 1:3, а тоа го разбуди домашниот тим кој започна да игра нешто подобро и да креира шанси за втор гол.

Во вториот дел статива и пречка имаше Ржаничино, а пак Еуромилк неколку неискористени шанси, а во 88. минута по брза транзија која ја направија гостинските фудбалери младиот Настевски со втор гол стави печат на победата од 1:4.
Во дербито на новите третолигаши екипата на Њу Старс со 4:1 го декласираше тимот на Пчиња.
Стефан Ѓорѓијев во 12. минута погоди за 1:0, а веќе во 15. минута Јованчо Цаневски за 1:1. Во 33. минута Никола Силјановски погоди за ново водство на домаќинот од 2:1.
Во вториот дел Марко Тренески и Марко Киш ги постави конените 4:1 за голема победа на Њу Старс.
Ланскиот шампион Куманово кој него помина баражот за влез во Втора лига победнички ја започна новата сезона откако со 2:3 славеше над Аеродром на гостински терен.
Алексоски погоди во 3. минута за 1:0, а Јовановски во 18. минута погоди за 1:1.
Во вториот дел Поповски си постигна автогол, а Куманово имаше 1:2, а пак во 79. минута Тодоровски погоди за 1:3. Во 84. минута од мечот Кузмановски ублажи на конечни 2:3.