Трета лигаФудбал

Големо Коњари убедлив во дербито со Превалец, Венец и Влазними Јуниор до три бода!

Сподели
Сподели

Големо Коњари слави во дербито на колото во рамки на втората рунда во Трета лига – Југ над Превалец во гостински терен со резултат од 1:3.

По поразот од Питу Гули во Крушево екипата на Големо Коњари одигра одличен меч и практично во вториот дел се реши победникот.

Ангел Гаштев во 15. минута погоди за рано водство на домаќинот, а во 36. минута Михо Андреевски погоди за 1:1 на полувреме. Во вторито дел Онур Имероски и Виктор Тошески погодија за конечните 1:3.

Слога со погодоци на Нермин Карашик и Енис Фазлиоски во вториот дел го добија Питу Гули од Крушево на домашен терен.

Новиот третолигаш Венец ја впиша втората победа во низа, откако екипата од Долни Дисан со 2:0 славеше над Дреново со погодоците на Петар Ристески во 18. минута и Стефан Димитриевиќ во 85. минута.

Обршани на домашен терен доживеа голем пораз од 1:3 од новиот третолигаш Влазними Јуниор. Филип Стомнароски во 30. минута погоди за 1:0 на домашниот тим, а во 42. минута Мевлан Усеиноски постигна гол за 1:1 на полувреме. Во вториот дел победникот беше решен во финишот на мечот, откако Фејзуловски постигна гол за 1:2 и пресврт, а пак Усеиноски со втор гол ги постави конечните 1:3.

Младост и Башкими ремизираа 1:1 во Кривогаштани во меч каде Арлинд Јашари го доведе гостинот прв во водство, а Филип Ликоски ги постави конечните 1:1.

Бучин на домашен терен доживеа голем пораз од екипата на Ултрас со резултат од 1:3. Христијан Тошески погоди за 1:0 уште во 5. минута од мечот, а во 23. минута Игор Паноски погоди за 1:1. Во вториот дел гостинот направи комплетен пресврт, Славчо Стојчески погоди за 1:2, а пак Игор Паноски со втор гол ги постави конечните 1:3.

Во рамки на втората рунда слободна беше екипата на Росоман.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!