Трета лигаФудбал

Емил Грнев тргна со победа – Слога Виница сигурна во Берово, Хоризонт Турново и Брегалнциа Делчево тргнаа со победи!

Сподели
Сподели

Големиот фаворит за првото место и баражот за Втора лига, екипата на Слога Виница тргна со победа, откако во Берово славеше со 0:3 над Малеш. Новиот стратег на некогашниот второлигаш од Виница, Емил Грнев победнички тргна со новиот клуб на патот истиот да го врати во Втората лига.

Победата беше најавена уште во првиот дел, кога Игор Ѓорѓиев во 16. минута и Дарко Николов во 18. минута погодија за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Михаил Воинов во 58. минута погоди за конечни 0:3.

Во Дојран паднаа седум погодоци за голема победа на Хоризонт Турново од 3:4. Некогашниот вицешампион на Македонија, екипа која играше квалификации за Лига Европа, победнички тргна како повратник во Трета лига – Исток.

Благој Истатов беше двоен стрелец за гостинот од Турново, а по еден гол постигнаа во вториот дел Александар Черкезов и Васко Коцев.

За домашниот тим погодија Стојан Гушев и Петар Илиев во вториот дел, а во првиот дел Живко Гоцев си постигна автогол.

Карбинци со триумф од 2:0 над Ударник од Пирава ја започна новата сезона. Даниел Велинов во 21. минута погоди за 1:0, а во финишот на мечот или во 86. минута Трајче Ефремов постигна гол за конечни 2:0.

Овче Поле на домашен терен со 3:1 триумфираше над новајлијата Светлост од Зрновци со што третолигашот од Свети Николе кој пред неколку сезони беше шампион во Трета лига – Исток и играше бараж за Втора лига, но загуби од Арсими, победнички тргна во новата сезона.

По мирните мрежи и 0:0 во првиот дел, во второто полувреме гостинот преку Голчовски дојде до водство од 0:1. Домашниот тим преку Трендафилов веднаш израмни на 1:1 веќе во 53. минута, а потоа со два брзи гола домашниот тим направи пресврт. Панев во 76. минута погоди за 2:1, а Нацев ги постави конечните 3:1.

Брегалница од Делчево по еден година се врати во Трета лига – Исток, а на стартот од новата сезона тргна победнички, откако во Струмица со голот на Александар Илиев минимално од 0:1 славеше над Тиверија.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија слави во дербито со Струга, Тиквеш го „распадна“ Шкупи со шест гола!

Со два натпревари во Кавадарци и Тетово денес започна пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Тиквеш со убедлив триумф го отвори пролетниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Енис Барди: Лига Б носи силна конкуренција, но ние сме подготвени

Оваа недела носи е важна за македонскиот репрезентативен фудбал – ждрепката за новото издание на Лигата на нации, која ќе се одржи во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија слави во дербито со Струга, Тиквеш го „распадна“ Шкупи со шест гола!

Со два натпревари во Кавадарци и Тетово денес започна пролетната полусезона во...

Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ се засили со Беркај Јакуп и Антонио Митрев

Амбициозниот третолигаш Еуромилк ГЛ според информациите на Спортска Мрежа се засили со...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Грозданоски се сели во Романија – нов напаѓач на Мусчелул Кампулунг

Искусниот голгетер Дарко Грозданоски кариерата ќе ја продолжи во романскиот фудбал, откако...

Втора лигаФудбал

Победа нема да продолжи со натпреварување во Втора лига?

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп е во крајна очајна ситуација, финансиски проблеми...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!