Ракомет

ВИДЕО: Преку ждрепка одредени судиите за првото коло на плеј-офот и плеј-аутот на ракометната Суперлига

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Судиите за плеј-офот и плеј-аутот за ракометната Суперлига ќе се делегираат преку ждрепка, односно нема да биде како до сега со тој стандарден или класичен начин на делегирање.

Преку ждрепка беа делегирани судиите за првото коло од плеј-офот односно плеј-аутот на Суперлигата, а ждребувањето за судиите можеше да се следи и во живо преку пренос од Ракометната федерација на Македонија, а исто ждрепката беше извршена во „куќата на ракометот“.

Процесот на ждребување за судиите го водеше претседателот на Натпреварувачката комисија, Бобан Мајнов.

  • ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА СУДИИТЕ ЗА ПРВОТО КОЛО НА ПЛЕЈ-ОФОТ И ПРЕЈ-АУТОТ ПРЕКУ ЖДРЕПКА:

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид од првото коло на плеј-офот ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, натпреварот меѓу Бутел и Охрид ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, а пак Михајлов Илиевски и Методија Илиевски ќе го судат мечот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер.


Натпреварот меѓу Куманово и Радовиш од првото коло на плеј-аутот ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски, за правдата на дуелот меѓу Пролет и Струга ќе бидат задолжени Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Ждрепката посака Дејан Георгиески и Димитар Георгиевски да ја делат правдата на мечот меѓу Прилеп и Борец Ф.Л.

Натпреварите од првото коло на плеј-офот односно плеј-аутот ќе се играат во среда и четврток.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!