Ракомет

Радовиш се засили со лев бек од Молдавија и пивот од Бразил

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш за плеј-аут сегментот на Суперлигата каде ќе води тешка борба за опстанок се засили со двајца нови играчи.

Радовишани се засилија со левиот бек Игор Кисељов од Молдавија и пивотот Густаво Паива од Бразил.

Се работи за левиот бек Игор Кисељов, а може да игра и на средната бековска позиција, а доаѓа од екипата на ХИФК Хелсинки од Финска. Репрезентативецот на Молдавија низ својата кариера има настапувано и за Олимпус Тираспол од Молдавија, а во својата интернационална кариера беше дел и од француската екипа Ажаксио, Спорта Хлоховец од Словачка.

Новото засилување на Радовиш има настапувано и за израелските екипи Рамат Ган и Нес Зиона, за Динамо Челјабинкс од Русија, за Измир и Беледијеспор од Турција, беше дел и од косовскиот шампионат настапувајќи за Беса, а ракомет играше дури и во Индија.


Во Радовиш пристигна и втор Бразилец, се работи за пивотот Густаво Паива, кој доаѓа од редовите на полскиот тим Легионово, а негов матичен клуб е Национал од Бразил.

Радовиш се засили квалитетно ги врати искусните Ивица Илиев и голманот Славјан Паунов, тука е и Лазар Адамовиќ, Бразилецот Александер Антонио Сантош, потоа Стефан Кочаров, Петар Цветковски, како и Томче Трајчевски.


На тренерското столче седна Игор Котевски, а пак Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров остануваат во стручниот штаб.

Радовиш е сериозно засилен, доби нов тренер, финансиски е стабилен, нова сала и значително подобрени услови за тренинг и натпревари, сега остануваат само победите и тимот да ја оствари својата цел, а тоа е опстанок во Суперлигата.

До крајот од регуларниот дел останува само уште еден меч, Радовиш дома ќе игра со Куманово, а потоа следува плеј-аутот.


Во плеј-аутот каде ќе се разигрува за опстанок, покрај Радовиш ќе бидат и екипите на Струга, Борец Ф.Л., Куманово, Прилеп и Пролет.

Како што е познато последната екипа од плеј-аутот испаѓање директно во Првата лига, а пак претпоследната екипа од суперлигашкиот плеј-аут игра бараж за можен опстанок со второпласираниот тим од прволигашкиот плеј-оф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!