Прва лигаФудбал

Беса со две важни и големи победи во низа, победничка атмосфера кај тимот од Добри Дол во трката за опстанок!

Сподели
ФОТО: KF BESA Dobërdoll 1976
Сподели

Како што претходно објави Спортска Мрежа трката за опстанок во Прва лига ќе биде повеќе од неизвесна. Одамна не било вака повеќе екипи да бидат израмнети и практично може да се случи и последното 33. коло да решава кои екипи ќе испаднат кои ќе останат во Прва лига.

Една од екипите која води тешка борба за опстанок е и Беса од Добри Дол, дебитантот е во долниот дел од табелата, но со двете врзани победи против Шкупи на Чаир од 2:3 и победа против Струга Трим Лум на домашен терен од 3:2, тимот на Горазд Михајлов собра шест многу важни бодови и тоа од фаворити.

Во долниот дел ќе биде вистинска бркотница бидејќи екипите се израмнети. Воска Спорт е последна со 19 бодови, а по 21 бод имаат Беса која е претпоследна, Брера која е во бараж зоната како десетта и Тиквеш кој е во зоната за директен опстанок како деветти, исто така со 21 бод.


Овие екипи се најмногу загрозени за опстанок, а како што е познато последните две екипи испаѓаат директно во Втора лига, додека пак десеттопласираната екипа ќе игра бараж за можен опстанок во Прва лига со третопласираната екипа од Втора лига.

РАСПОРЕД НА БЕСА ДО КРАЈОТ ОД СЕЗОНАТА:

25 коло: Работнички – Беса
26 коло: Беса – Гостивар
27 коло: Силекс – Беса
28 коло: Беса – Шкендија
29 коло: Вардар – Беса
30 коло: Беса – Брера
31 коло: Тиквеш – Беса
32 коло: Беса – Воска
33 коло: Пелистер – Беса

До крајот од сезоната остануваат уште девет кола или во игра се 27 бодови, за кои екипата на Беса ќе треба да собере колку што може повеќе со цел да се избори со конкурентите за опстанок.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ШКЕНДИЈА АД 24 14 8 2 39 19 +20 50
2 ФК СИЛЕКС АД 24 14 6 4 41 15 +26 48
3 ФК РАБОТНИЧКИ АД 24 12 9 3 29 13 +16 45
4 КФГ ГОСТИВАР АД 24 11 11 2 31 13 +18 44
5 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 24 11 5 8 30 30 0 38
6 ФК ШКУПИ-1927 АД 24 9 4 11 35 32 +3 31
7 ФК ПЕЛИСТЕР АД 24 7 8 9 14 23 -9 29
8 ФК ВАРДАР АД 24 5 7 12 20 33 -13 22
9 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 24 4 9 11 12 23 -11 21
10 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 24 5 6 13 25 41 -16 21
11 ФК БЕСА 1976 АД 24 5 6 13 20 37 -17 21
12 ФК ВОСКА СПОРТ АД 24 4 7 13 22 39 -17 19

Беса минатата сезона стана шампион во Втора лига и обезбеди историски влез во Прва лига, а целта на тимот од Добри Дол е до дебитантската сезона да се избори за опстанок во фудбалската елита на Македонија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!