Мартин Тодоровски испиша историја во македонскиот футсал, откако тој одигра 100 натпревари за футсал репрезентација на Македонија.
На натпреварот против Холандија од квалифиакциите за Европското првенство, искусниот Тодоровски влезе во клубот 100 на футсал репрезентацијата на Македонија.
Тодоровски доби дрес со бројот сто, а 37-годишникот оваа сезона настапува за екипата на Осогово од Крива Паланка во Првата футсал лига на Македонија.