Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Љуботен однесе висока победа, Атлетико сигурен на домашен терен, пораз за Ас Јунајтед

Сподели
Сподели

Викендот беа одирани три натпревари од 16. коло на Првата женска фудбалска лига, а истото ќе се комплетира на 19. март со натпреварот меѓу Скопје и Каменица Саса.

Шампионот Љуботен беше убедлив против екипата на Истатов со резултат од 7:0, каде новото засилување Тања Малесија беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Александра Марковска, Елена Симјановска, голгетерката Хава Мустафа и Ангелија Јованоска, додека пак Севим Илјаз во 83. минута си постигна автогол.

Екипата на Атлетико на домашен терен со 2:0 дојде до триумф против Речица, а двата погодоци за битолскиот тим ги постигнаа Сара СЛободанка Димитриоска и Мелица Милица Димитриоска во првиот дел од мечот кој се играше на „Павел Шатев“ во Битола.

Екипата на Ас Јунајтед на домашен терен беше проазена од Топ Гол со 1:2. По само три минути игра битолскиот тим преку Ивана Милевска дојде до водство од 0:1, а веќе во седмата минута стружанки преку Веса Села израмнија на 1:1.

Во вториот дел Анастасиа Илиевска беше херој за битолскиот тим кога погоди за конечни 1:2 со што трите бодови заминаа во Битола.

Во рамки на ова 16. коло слбоодна беше екипата на Тиверија Брера.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 14 12 2 0 69 6 +63 38
2 ЖФК ЉУБОТЕН 14 12 1 1 62 9 +53 37
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 14 11 1 2 46 10 +36 34
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 8 0 5 27 17 +10 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 14 5 2 7 19 39 -20 17
6 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 14 3 2 9 13 31 -18 11
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 14 3 2 9 13 36 -23 11
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 14 2 0 12 21 44 -23 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 15 2 0 13 12 90 -78 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 -3 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!