Останато

Ристески: Подготовени сме физички и тактички за шампионот Струмица, со поддршка од публиката до победа!

Сподели
Сподели

Утре со почеток од 18 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе се одигра големото одбојкарско дерби меѓу освојувачот на Куп титулата, Штип УГД и актуелниот шампион Струмица, а во рамки на 7. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига.

Ова ќе биде вистиски празник на одбојката, Штип УГД веќе сериозно вложува и го подига нивото на одбојката во Македонија, штипјани се наметнуваат како сериозни носители во Првата одбојкарска лига, лани го освоија Купот за првпат, сезонава сакаат одбрана на Куп титулата и ја напаѓаат титулата во лигата која ја брани Струмица.

Тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески, за Спортска Мрежа истакна дека се подготвени за натпреварот со Струмица, ја повика публиката да дојде во салата и со нивна поддршка да атакуваат на победа.

„Го пречекуваме шампионот на Македонија, ОК Струмица. Мислам дека поголема мотивација од тоа во овој момент за нас не постои. Спремни сме и физички и тактички за овој натпревар и со нетрпение го очекуваме. Лично, очекувам да биде тоа одбојкарски празник каде ќе гледаме голема борба за секој поен. Ја повикуваме публиката за поддршка, која ќе ни биде дополнителна мотивација за победа и во овој натпревар“, изјави за Спортска Мрежа, тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески.

Натпреварот започнува во 18 часот и повеќе од сигурно е дека салата „Јордан Мијалков“ во Штип ќе биде исполнета до последното седиште.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!