Трета лигаФудбал

ФОТО: Реми на супер-дербито меѓу Големо Коњари и Превалец, Ристовски со пет гола го потопи Дреново, нема победник во Крушево!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на денешното 15. коло во Трета лига – Југ се одигра супер-дербито меѓу Големо Коњари и Превалец, ова беше соочување на првопласираниот и третопласираниот тим на патот кон баражот за Втора лига, а дерби кое заврши без победник со по еден гол (1:1) и поделба на бодовите.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Реми и бод кое му одговара на Големо Коњари, а меч каде и двете екипи имаа свои периоди од играта, моменти и шанси да го решат натпреварот.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Втората зона на домашниот тим во еден момент затајуваше, имаше „дупки“, а тоа го искористи гостинот кој преку Давид Секуловски казни за 0:1 во 39. минута. Но, радоста траеше многу малку откако Онур Имероски во 42. минута постигна гол за 1:1 на полувреме.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Во вториот дел двете екипи имаат свои моменти во финишот Превалец беше побрз по теренот и правеше обиди за гол, шансите се редеа и на страната на Големо Коњари, кои имаше дури 12 корнери, во однос на четири кои ги имаше гостинот, но мрежите во вториот дел мируваа, а во однос на офсајдите гостинскиот тим влегуваше дури седум пати во офсајд замката, а домаќинот трипати, па резултатот од 1:1 стана конечен.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Денес беше вистински фудбалски празник во Големо Коњари, прилеското село живее за фудбалот и спортот. Денес имаше над 500 посетите кои околу теренот од две страни го следеа натпреварот и даваа поддршка за домашниот тим.

Немаше победник ниту во Крушево каде со 1:1 ремизираа Питу Гули и Слога од Лажани.

Соте Волчески во 5. минута постигна гол за 1:0 и водство на домашниот тим, а пак гостинот преку Андријан Волчески во 47. минута ги постави конечните 1:1.


Дреново на домашен терен доживеа вистински потоп откако беше декласираше од тимот на Венец од Долни Дисан во меч каде искусниот Петар Ристовски постигна гола и практично сам го реши мечот, а за домашниот тим Армен Мемедов кој е најдобар стрелец во лигата беше единствен стрелец.

Башкими 2008 со минимални 1:0 го доби Младост од Кривогаштани на теренот во Чашка и со тоа тимот ја продолжува трката со Големо Коњари и Превалец за првото место и баражот. Херој на мечот беше Зани Ахмедовски кој стрелаше во 73. минута.


Ултрас и Бучин ги поделија бодовите откако двете екипи постигнаа по еден гол за конечните 1.1. Домаќинот преку Бобан Тошевски го отвори резултатот во 28. минута, а во 37. минута Андреј Николовски ги постави конечните 1:1.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 14 10 2 2 35 6 +29 32
2 ФК БАШКИМИ 2008 14 9 4 1 28 11 +17 31
3 ФК ПРЕВАЛЕЦ 14 8 4 2 29 13 +16 28
4 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 14 7 3 4 31 16 +15 24
5 ФК МЛАДОСТ 1930 14 7 2 5 28 15 +13 23
6 ФК УЛТРАС 14 6 3 5 36 33 +3 21
7 ФК РОСОМАН-83 13 6 2 5 21 18 +3 20
8 ФК ПИТУ ГУЛИ 14 4 5 5 15 15 0 17
9 ФК Бучин 14 4 5 5 18 24 -6 17
10 ФК СЛОГА 1976 14 3 2 9 21 40 -19 11
11 ФК ДРЕНОВО 2016(-3) 14 2 5 7 17 35 -18 8
12 ФК Влазними Јуниор(-3) 13 3 1 9 18 40 -22 7
13 ФК ОБРШАНИ 12 1 0 11 8 39 -31 3
14 ФК МАРЕНА 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!