Трета лигаФудбал

Њу Старс го изненади Кадино, Ржаничино убедлив, висока победа за Шкендија Арачиново!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се комплетираше 15. коло на Трета лига – Север останатите пет натпревари, откако истото вчера беше отворено со два меча.

Лидерот Шкендија Арачиново со 9:0 го торпедираше тимот на Башкими Љуботен, откако Дарио Десниќ, Александар Ѓорѓиески и Мргим Дани постигнаа по два гола, а по еден гол постигнаа Христијан Димов, Фикрет Љиварека и Муаз Саљихи.

Реми од 3:3 на БВК Коњаре и ланскиот шампион Куманово. Бујар Мустафа, Орхан Мифтар и Фати Јусуфи беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот една погоди Гезим Бакиевски, а двапати стрелаше Андреј Јовановски.

Њу Старс конечно се израдува на триумф откако на домашен терен го совлада Кадино со 2:1. Димитриј Михаилов погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Влатко Стојановски постигна гол за 2:10 во 74. минута. Пет минути подоцна екс второлигашот преку Зоран Тасески дојде до конечните 2:1.


Академија Илиден на домашен терен со 2:0 го совлада поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ преку погодцои на Николче Ефремов и Исмет Хајради по десет минути игра, а потоа мрежите мируваа од крајот на мечот.

Новајлијата Ржаничино на домашен терен со 3:0 го совлада составот на Риниа, во меч каде трите погодоци беа постигнати во вториот дел од мечот.

Иван Мицевски стрелаше двапати, а еден погоди Иво Петрушевски.


Како што веќе информираше Спортска Мрежа, вчера Аеродром и Пчиња одиграа 1:1, а пак Беса од Слупчане со 4:3 ја доби Фортуна.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – СЕВЕР:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 14 1 0 56 2 +54 43
2 ФК ФОРТУНА 15 9 3 3 37 17 +20 30
3 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 15 8 3 4 36 23 +13 27
4 ФК Аеродром 2018 15 8 1 6 26 25 +1 25
5 ЗГ ФК КУМАНОВО 15 6 5 4 36 28 +8 23
6 ФК БВК КОЊАРЕ 15 6 4 5 36 31 +5 22
7 ФК РЖАНИЧИНО 15 6 3 6 29 34 -5 21
8 ФК БЕСА с.Слупчане 15 7 0 8 38 44 -6 21
9 ФК КАДИНО 15 6 0 9 24 33 -9 18
10 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 15 4 5 6 27 36 -9 17
11 ФК ПЧИЊА 2015 15 4 2 9 19 23 -4 14
12 ФК РИНИА 98 15 4 1 10 23 45 -22 13
13 ФК Академија Илинден 15 4 1 10 11 48 -37 13
14 ФК ЊУ СТАРС 15 3 3 9 23 32 -9 12

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!