Денес започна пролетната полусезона во Трета лига – Исток со натпреварите од десеттото коло, а во рамки на истото екипата на Слога Виница повеќе од очекувано ја декласираше екипата на Малеш од Берово со убедливи 8:0.
Тимот од Виница предводен од Емил Грнев има повеќе од квалитетен тим и разликата во квалитет со останатите екипи е огромен, па затоа и денешната победа е очекувана.
Искусниот Филип Петковски постигна четири погодоци, а по еден гол постигнаа Филип Николовски, Алекснадар Илиев, Октај Амедов и Игор Ѓорѓиев.
Тимот на Малеш настапува со млади играчи од сопствената школа и искусни играчи од малешевијата, што е за поздравување тоа што клубот од Берово е посветен на производ на свои играчи и градење на млад тим со свои играчи, а со тек на времето истиот ќе се воигрува и ќе има голем потенцијал.
Поранешниот прволигаш Хоризонт Турново во 95. минута се спаси од пораз откако одигра 2:2 со Дојранско Езеро. На полувреме гостинот од Дојран имаше предност од еден гол откако погоди Илија Иванов за 0:1.
Во вториот дел Петар Илиев постигна погодок од белата точка за двојна предност на Дојранско Езеро од 0:2. По негатива од два гола Трајче Димитриев постигна гол и намали на 1:2, а во 95. минута Антонио Јанев го спаси Хоризонт Турново од пораз погоди за 2:2 и поделба на бодовите на стадионот „Кукуш“.
Ударник на свој терен доживеа висок пораз од Карбинци со резултат од 1:4, откако гостинот преку пресврт беше подобар.
Александар Тенекеџиев постигна гол во 17. минута за 1:0, но до крајот на првиот дел Карбинци преку Бобан Стојанов, Никола Илиевски и Саше Соколов направи комплетен пресврт на 1:3. Во вториот дел Синиша Петров постигна гол за конечни 1:4.
Судијата Блаже Петковски имаше доста работа, откако подели четири жолти картони за домашниот тим, два црвени на Лазе Грбашлиев и на Кирил Коколански, како и црвен картон за гостинскиот тим на Мартин Атанасов.
Трите бодови останаа во Зрновци, откако Светлост преку двата голови во првиот дел на Илија Шуманов го совлада Овче Поле. Новајлијата во Трета лига – Исток победнички го отвори пролетниот дел и забележа важен триумф за прогрес на табелата, а тимот од Свети Николе кој ја имаше улогата на благ фаворит со пораз го отвара пролетниот дел.
Во Делчево беа постигнаа пет гола за победа на Брегалница од 3:2 против струмичка Тиверија.
Домашниот тим преку Бојан Петровски и Антон Ратков дојде до предност од 2:0 по десет минути игра, а потоа Ване Пандевски намали на 2:1. Во финишот на првиот дел Јован Дојчинов постигна погодок за 3:1 на полувреме.
Во вториот дел Миле Ѓеоргиев ги постави конечните 3:2 во 57. минута.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ФК СЛОГА 1934 | 10 | 9 | 0 | 1 | 44 | 6 | +38 | 27 |
2 | ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ | 10 | 5 | 2 | 3 | 21 | 10 | +11 | 17 |
3 | ФК Брегалница 1926 | 10 | 5 | 2 | 3 | 16 | 13 | +3 | 17 |
4 | ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД | 10 | 4 | 4 | 2 | 17 | 14 | +3 | 16 |
5 | ФК КАРБИНЦИ | 10 | 4 | 2 | 4 | 15 | 12 | +3 | 14 |
6 | ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО | 10 | 3 | 4 | 3 | 18 | 21 | -3 | 13 |
7 | ОФК МАЛЕШ | 10 | 4 | 1 | 5 | 8 | 23 | -15 | 13 |
8 | ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ | 10 | 3 | 2 | 5 | 12 | 22 | -10 | 11 |
9 | ФК УДАРНИК | 10 | 2 | 1 | 7 | 12 | 24 | -12 | 7 |
10 | ФК ТИВЕРИЈА | 10 | 2 | 0 | 8 | 13 | 31 | -18 | 6 |