Втора лигаФудбал

Мичковски: Прикажавме една тимска игра со шанси и за победа, ремито беше најреален исход со Македонија ЃП!

Сподели
Сподели

Лидерот Македонија ЃП ремизираше против Каменица Саса на незгодното гостување во Македонска Каменица, откако двете екипи ремизираа без погодоци 0:0.

Фудбалерот на Саса, Тони Мичковски за Спортска Мрежа вели дека ремито било најреален исход, додава дека прикажала тимска игра со шанси и за победа.

„Натпреварот против лидерот Македонија ЃП го дочекавме подготвени за надигрување со лидерот на табелата. Прикажавме една тимска игра со шанси и за победа на денешната средба, но и понесени од одбранетиот пенал на нашиот голман Симон Стојкоски во второто полувреме ни фалеше уште реализација и да освоиме вредни три бодови. Сè на се нерешено беше најреален резултат од оваа пресметка со лидерот на табелата“, изјава Мичковски за Спортска Мрежа.

Каменица Саса во следното коло ќе гостува кај Арсими, а пак Македонија ЃП ќе го пречека последнопласираниот Вардарски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!