Втора лигаФудбал

Вардарски го доби Борец и се разгорува битката за опстанок, Башкими се израмни на врвот со Македонија ЃП!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Битката за опстанок во Втората лига се разгорува откако Вардарски денес со 2:0 го доби дербито од дното против Борец и со тоа се вмеша посериозно за опстанок барем преку бараж, а сепак тимот од Богданци не е отпишан и кога е во прашање директниот опстанок.

Тимот на Вардарски повеќе ја сакаше победата на денешниот натпревар и одигра одличен меч, дефинитивно најдобриот во пролетнито дел, а притоа ја сочува и чиста својата мрежа. Милош Спасовски во 42. минута погоди за 1:0 на полуреме.

Во вториот дел Борец започна со притисок, но немаше погодок, а влегувањето на Ашовалиев и Мендов донесе свежина во вториот дел кај домашниот тим, а токму младиот Ашовалиев кој беше доста брз на теренот во третата зона постигна гол во 78. минута и го реши натпреварот.

Борец не искористи неколку шанси кои му се пружија, а пак Ашовалиев со Мендов имаше одлична шанса кога топката заврши покрај гол.

ФОТО: Спортска Мрежа | Навивачите од Велес пред крајот на мечот се собираат и го напуштаат стадионот

Од Велес организирано допатуваа околу 40-тина навивачи кои даваа поддршка од трибината на Борец, но по вториот погодок пополека се собраа и си заминаа, свесни за поразот на нивниот миленик со што одново Борец се втурна во ситуација каде ќе има потешка борба за опстанок.

Македонија ЃП ремизираше во Каменица Саса на тешкиот терен против Саса играјќи 0:0, а „лавовите“ може да жалат бидејќи не искористија пенал, откако капитенот Крсте Велкоски не реализираше, откако неговиот удар беше одбранет од домашниот голман. Исходот беше поделба на бодовите.


Башкими го искористи „киксот“ на Македонија ЃП и на домашен терен со 3:0 го декласираше Охрид и со тоа се израмни на врвот од табелата со „лавовите“. Демири, Алексовски и Асани беа стрелци на погодоци за тимот од Куманово.

Беласица со минимални 0:1 го доби дуелот со Победа и со тоа ги освои трите бодови, па струмичани сега се зацврстија во средината од табелата. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Милушев.

Кожуф со 0:2 на „Цвај арената“ го доби Вардар Неготино со што и тимот од Гевгелија е сигурен во средината од табелата, а пред Вардар Неготино ќе биде неизвесна пролет за опстанок. Сарески по девет минути игра го отвори резултатот, а во финишот на мечот Стојков ги постави конечните 0:2.

Брегалница ги освои трите бодови во Кочани, откако со 1:2 беше подобра од домаќинот Осогово. Иван Галевски во 38. минута постигна гол за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Драган Паунов постигна погодок за 1:1 и ги врати надежите за евентуални бодови. Но, во 60, мунута капитенот Давид Калпачки беше сигурен од белата точка за конечни 1:2.


Скопје и Детонит Плачкоица ги поделија бодовите играјќи 2:2 на „Железарница“ во Автокоманда, откако радовишани во два наврати имаат предност. Јовица Радевски постигна гол за 0:1 на полувреме. Во вториот дел Петре Тасевски постигна гол за 1:1, а во 73. минута Дамјан Масевски погоди за 1:2 и нова предност за гостинот од Радовиш, сепак домаќинот преку Христијан Кировски дојде до конечните 2:2 за поделба на бодовите.

Арсими со погодоци на најдобриот нивен стрелец Аљбин Рамадани и голот на новото засилување Албан Таипи дојде до победа од 0:2 против Новаци.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 20 14 3 3 37 8 +29 45
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 20 14 3 3 33 15 +18 45
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 20 13 4 3 30 17 +13 43
4 ФК АРЕСИМИ-1973 20 12 3 5 33 18 +15 39
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 20 9 5 6 34 24 +10 32
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 20 9 4 7 25 23 +2 31
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 20 7 9 4 27 19 +8 30
8 ФК СКОПЈЕ АД 20 7 9 4 24 17 +7 30
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 20 7 9 4 21 15 +6 30
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 20 6 7 7 22 23 -1 25
11 ФК ПОБЕДА АД 20 6 3 11 23 29 -6 21
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 20 5 5 10 19 25 -6 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 20 6 2 12 24 36 -12 20
14 ГФК ОСОГОВО 20 3 4 13 16 37 -21 13
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 20 2 4 14 11 35 -24 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 20 2 2 16 15 53 -38 8

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако денес ги продолжи договорите со повеќе свои досегашни ракометари. Имено, се...

Останато

Ристески: Покажавме победнички менталитет, време за одмор нема, со мислите сме на мечот со Работнички!

Актуелниот освојувач на одбојкарскиот Куп на Македонија, Штип УГД, синоќа на домашен терен со 3:1 во сетови го доби конкурентот за титулата, актуелниот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Неготино распиша оглас за прием на нови млади судии и судијки!

Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием...

ФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

Мартин Тодоровски одигра 100 натпревари за футсал репрезентацијата на Македонија

Мартин Тодоровски испиша историја во македонскиот футсал, откако тој одигра 100 натпревари...

ФудбалФутсал

Нема победник во Ресен: Конзули и СЕЕ Университи ги поделија бодовите!

Синоќа во Ресен се комплетираше 15. коло на Втората футсал лига на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!