Останато

Андреас Трајковски со историски успех за македонската атлетика

Сподели
Сподели

Македонската атлетика испиша нова страница во својата историја, благодарение на Андреас Трајковски, кој стана првиот наш атлетичар што успеал да се пласира во финале на Европско првенство во сала. Трајковски го освои осмото место во дисциплината скок во далечина на првенството што се одржува во Апелдорн, Холандија.

Со својот фантастичен скок од 7.85 метри, кој е нов македонски рекорд во сала, Андреас Трајковски го обезбеди 7-то место во квалификациите и успеа да испише историја како првиот Македонец кој се пласирал во финале на Европските првенства.

Во финалето, Трајковски го освои осмото место со најдобар скок од 7,65 метри. Златниот медал заврши кај Бугаринот Божидар Сарабојуков, кој скокна 8,13 метри, додека сребрениот медал му припадна на Италијанецот Матија Фурлани со 8,12 метри. Бронзата ја освои Шпанецот Лестер Лескај, исто така со скок од 8,12 метри, но со полош втор најдобар обид.

„Секако дека сакав повеќе, но самиот пласман во финалето за мене и Македонија е голем успех. Се останато беше бонус. Дадов се што можев, за себе и за Македонија. Јас суАндреас Трајковски со историски успех за македонската атлетикам осмиот најдобар скокач во далечина во Европа. Тоа за мене е големо достигнување“, изјави на Андреас по финалето.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката...

Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!