Наместо овој викенд пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад ќе започне следниот викенд. Причината за одложувањето на пролетниот дел во овој третолигашки регион е тоа што има преселба на седиштето односно наместо ОФС Охрид кој беше организатор на лигата во есенскиот дел се сели во ОФС Битола.
Тоа значи дека во пролетниот дел организатор на Трета лига – Југозапад ќе биде ОФС Битола, ексклузивно дознава Спортска Мрежа.
Се работи на административни работи околу преселбата од ОФС Охрид во ОФС Битола, па токму затоа за една недела се одложува поечтокот на пролетниот дел.
Изминатите две сезони ОФС Битола ја организаираше Трета лига – Југозапад, претходно беше ОФС Струга, а сега беше редот на ОФС Охрид, но ОФС Охрид само во есенскиот дел беше организатор на Трета лига – Југозапад.
Претходно, како што веќе ФФМ излезе со соопштение преку кое се вели дека Собранието на ОФС Охрид е спротивно на Статутот, а на закажаното Собрание на ОФС Охрид од ФФМ немаше претставници, за што информираше Спортска Мрежа.
Во овој третолигашки регион три екипи ќе бодат тесна и неизвесна трка кој да биде шампион и кој да игра во баражот за можен влез во Втора лига.
Тоа е лидерот Преспа од Ресен, ланскиот шампион кој не го помина баражот минатата сезона, екипата на Кораб од Дебар и Сатеска од Волино.
Демир Хисар кој есенската полусезона немаше баш најдобри резултати на домашен терен ќе се соочи со Кораб, „фенерџијата“ Светлост на домашен терен во Кукуречани ќе има повеќе од тешка задача против лидерот Преспа од Ресен.
Во Охрид екипата на Света Троица ќе игра против Сатеска од Волино, кандидатот за бараж, а пак Влазними во Струга ќе игра Градско дерби со ланскиот второлигаш Караорман.
Кравари ќе се соочи со Е.Т. Онлајн, а во Мешеишта соочување на Славеј и Велешта.
Преспа е на врвот од табелата со 28 бодови, втор е Кораб со 27 бодови, а пак трета е Сатеска со 26 бодови.