ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 3:0 од Холандија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва загуби со 0:3 на домашен терен од селекцијата на Холандија, во рамки на 5. коло од групата 7 од квалификациите за пласман на Европското првенство.

„Лалињата“ во спортска сала „Јане Сандански”, забележа убедлива победа против Македонија која одигра добро прво и лошо второ полувреме, а за тоа говори фактот што противникот сите погодоци ги постигна во вториот дел од мечот во Скопје.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски одиграа добро во првиот дел, создадоа неколку солидни прилики за постигнување на погодок, но без реализација.

Резуптатот во „Јане Сандански“ го отвори Кемпс во 24. минута, а веднаш потоа Мартинус зголеми на 2:0, кој во 35. минута погоди за 0:3.

ФОТО: ФФМ

Македонија е на дното од табелата со само еден бод, Андора е трета со три бодови, Холандија е втора со осум бодови, а лидер во нашата групата Португалија со максимални 15 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од девет натпревари, но саботното дерби со Алкалоид може значително да ја...

Останато

Министерот за спорт Борко Ристовски оддаде почит на ослободителите на Скопје

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и претставници на институциите, денеска беше дел од делегацијата која...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!