По 19 одиграни кола во Втората лига и натаму фудбалерот на Македонија ЃП, Симеон Христов е најдобар стрелец со постигнати 16 погодоци.
Најблиску од Христов е Андреј Симевски, кој го носи дресот на Каменица Саса, кој има постигнато 12 погодоци, а пак на третото место е Аљбин Рамадани, фудбалерот на Арсими, кој има постигнато 11 погодоци.
Никола Талески застана на десетте погодоци кои ги постигна за Победа, но направи трансфер во прволигашот Брера Струмица, а по осум пгоодоци имаат Хусеин Демир од Башкими и Сашо Дуков од Гевгелија.
Во досегашниот дел од сезоната постигнати се 12 автоголови.