Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Ќе биде „хаос“ за местата кои водат кон Прва лига, се разгорува битката за опстанок во Втора лига!

Сподели
Сподели

Пролетната полусезона ќе понуди голема неизвесност кога се во прашања местата кои директно водат кон Првата лига, но ќе биде неизвесно каде веќе се разгорува битката за опстанок во Втора лига.

Ранетите „лавови“ забележаа триумф откако по двата порази во низа го совладаа убедливо Новаци со 4:0, па така Македонија ЃП е на врвот од табелата со 44 бодови, Башкими и натаму е на второто место со два помалку или 42 бодови, а пак Брегалница е трета со 40 бодови и се наоѓа во бараж зоната. Арсими и натаму е во трка за местата за Прва лига со тоа што тимот од Чегране на своето конто има 36 бодови и го очекува голема борба на терен за бодови.

На петтото место веќе имаме израмнување меѓу Каменица Саса и Охрид со по 31 бод, на делба на седмото место се Детонит Плачковица и Скопје со по 29 бодови, а веќе во сабота овие две екипи одат во директен дуел на „Железарница“ во Автокоманда, Кожуф е на деветтото место со 27 бодови.

Веднаш доаѓа тој пресек на табелата каде на десеттото место е Беласица со 22 бодови, Победа е место подолу со 21 бод, Новаци и Вардар Неготино имаат по 20 бодови за делба на 12-тото место.


Во бараж зоната е тимот на Осогово од Кочани со 13 бодови, во зоната за директно испаѓање е Борец со 10 бодови, како и Вардарски кој е „закован“ на дното со пет бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 19 14 2 3 37 8 +29 44
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 19 13 3 3 30 15 +15 42
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 19 12 4 3 28 16 +12 40
4 ФК АРЕСИМИ-1973 19 11 3 5 31 18 +13 36
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 19 9 4 6 34 24 +10 31
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 19 9 4 6 25 20 +5 31
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 19 7 8 4 25 17 +8 29
8 ФК СКОПЈЕ АД 19 7 8 4 22 15 +7 29
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 19 6 9 4 19 15 +4 27
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 19 5 7 7 21 23 -2 22
11 ФК ПОБЕДА АД 19 6 3 10 23 28 -5 21
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 19 5 5 9 19 23 -4 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 19 6 2 11 24 34 -10 20
14 ГФК ОСОГОВО 19 3 4 12 15 35 -20 13
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 19 2 4 13 11 33 -22 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 19 1 2 16 13 53 -40 5
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!