Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, Струга Трим Лум и официјално го претстави Илчо Ѓорѓиоски за нов тренер како наследник на Ќатип Османи.
По двата пролетни порази во низа Османи си поднесе оставка, а клубот покрај езерото веднаш пронајде решение за испразнетото тренерско столче.
Ѓорѓиоски последен тренерски ангажман имаше во екипата на Каламата, претходно ја водеше екипата на Брегалница, беше тренер и на Вардар во два мандати, а ја водеше и екипата на Македонија ЃП, исто така беше селектор и на македонската фудбалска репрезентација до 19 години.
Во својата кариера како тренер има две титули во Првата македонска фудбалска лига со Вардар во сезона 2011/2012 и со Македонија ЃП во сезона 2008/2009.
Струга во моментот е на 5. место на табелата со 32 бодови и негатива од 11 бодови во однос на лидерот Шкендија кој има 43 бодови. Своето деби новиот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски ќе го има против Силекс во Кратово веќе в недела.