Ракомет

Дежиќ со 17 гола донесе победа за „лавиците“, Металург Автокоманда лесно против Астибо, Куманово го доби Вардар!

Сподели
Сподели

Одиграно 6. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига, каде Металург Автокоманда однесе убедлива победа од 35:18 против штипски Астибо.

Фаворитската улога беше на страната на тимот од Автокоманда, кој воопшто не се намачи за да го добие тимот од Штип. Ракометарките на Јулијана Дамчевска уште од самиот старт тргнаа одлично и најавија висока победа.

Стефани Ристиќ со пет гола беше најдобра кај Металург Автокоманда, кај Астибо стандардно тоа беше Марија Анчева со девет гола.

Куманово забележа победа од 26:22 против Вардар и со тоа врза втора победа во низа после таа над Астибо во претходното коло.

Најдобра кај Куманово беше Сузана Зечевиќ со девет гола, а кај Вардар тоа беше Леона Миленковска исто така со девет реализации.

Шампионот Ѓорче Петров со 30:32 славеше против екипата на Чаир на тешкото гостување каде „лавиците“ забележаа уште една победа на патот кон одбрана на титулата.


Неизвесен и атрактивен меч каде сепак дата бодови заминаа на контото на Ѓорче Петров, па со тоа продолжува доминацијата на избраничките на Симе Симовски.

Најдобра кај Ѓорче Петров беше Ивана Дежиќ со постигнати 17 гола, а кај Чаир тоа беше Гулициоска со 12 гола.


Ѓорче Петров е прв со максимален ефект од 13 бодови, втор е Чаир со девет бодови, а толку има и Металург Автокоманда кој е трет. Куманово сега е четврти со пет бодови, Вардар е петти со три бода, а на дното е Астибо без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот...

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот...

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над...

Ракомет

ФОТО: Македонија ја „тресна“ Словачка и со трофеј се враќа од Анкара!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го затвори настапот на меѓународниот турнир во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!