Втора лигаФудбал

ВИДЕО: „Зелена“ трева на стадионот во Штип – фудбал како во некое африканско село!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Брегалница во саботата го одигра првиот пролетен натпревар на домашен терен односно на Градскиот стадион во Штип, против Новаци во рамки на 17. коло на Втората лига, но теренот беше како да се игра во некое африканско село, можеби и полошо, а не во Штип.

Трева нема никаде, а на социјалните мрежи граѓаните коментираат како да се игра фудбал на песок односно на плажа, па многуми низ коментари пишуваат дали се подготвува екипа за фудбал на плажа.

Фудбал има, но трева во Штип нема. Овој стадион и во минатото имал проблем со тревата.

Новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија најави дека ќе се работи на подобрување на фудбалската инфраструктурата во Македонија, а гледајте по тоа во какви услови и на какви стадиони се игра фудбал ќе треба многу да се подобрува и менува со цел да имаме подобри услови за фудбал.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА „ЗЕЛЕНАТА“ ТРЕВА НА СТАДИОНОТ ВО ШТИП – СЛИЧНО КАКО ВО АФРИКАНСКО СЕЛО:

Погледнете го видеото и проценете сами дали овој терен е терен за Градски стадион во случајот на Градскиот стадион во Штип или пак станува збор за некоја нива во некое африканско село.

Многумина во минатото кога сме објавувале за овој терен, зборувале дека подлогата била многу добра, дека теренот бил рамен, но за тревата никој ништо не зборува, битно теренот е рамен, а трева и не мора да има.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!