Синоќа беше отворено 13. коло во Втората фтусал лига, откако во Големо Речица, тетовско екипата на СЕЕ Университи со 7:4 беше подобра од Каршиака, со што трите бодови останаа дома.
До овој триумф домаќинот стигна преку расположениот Хисен Мемеди кој постигна четири гола, двоен стрелец беше Амин Шаќири, а еден гол постигна Самир Рамадани.
За гостинскиот тим по еден гол постигнаа Енис Ибраими во првиот дел и Ријад Вељии, Кани Ќани и Нуман Асани во второто полувреме.