Висок пораз претрпе женската А репрезентација на Македонија, откако во воведното коло од новото издание на Лигата на нации загуби 0:4 од репрезентацијата на Косово, во меч кој се играше во Скопје.
Репрезентативките на Косово одиграа одличен натпревар во Скопје и сосема заслужено ги освоија трите бодови.
Репрезентацијат ана Косово по само шест минути игра преку Бичкај дојде до водство од 0:1, резултат со кој се замина и на полувреме. На стартот од вториот дел Бичкај постигна гол за двојна предност од 0:2, а веќе во 65. минута Фетај постигна погодок за високи 0:3.

Конечниот резултат од 0:4 го постави Метај за голем триумф на Косово во Скопје, а Македонија новото издание од Лигата на нации го отвара со висок пораз. Следен натпревар за Македонија ќе биде против Летонија на 4. април во Скопје.