Искусниот фудбалер Иван Настевски во овој зимски преоден рок се одлучи да направи трансфер од второлигашот Детонит Плачковица, каде беше капитен во редовите на третолигашот Слога Виница.
Со Настевски разговаравме токму за неговиот трансфер и заминувањето од Детонит Плачковица во Слога Виница, односно од Втора во Трета лига.
Настевски или популарен и како Меси вели дека секој фудбалер се стреми кон што подобри услови, вели дека Слога Виница има одличен проект, за спонзорот.
- НАСТЕВСКИ ЗА ТРАНСФЕРОТ ВО ТРЕТОЛИГАШОТ СЛОГА ВИНИЦА:
Слога Виница е лидер во Трета лига – Исток со седум бодови повеќе во однос на второпласираниот Овче Поле од Свети Николе, а во пролетниот дел треба лесно да го потврди првото место и со тоа да дојде до баражот за можен влез во Втора лига, а за таа цел Слога Виница изгради квалитетен и конкурентен тим.