Трета лигаФудбал

Тетекс го слави 72 роденден – клубот најавува повисоки цели и амбиции

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Фудбалскиот клуб Тетекс го прославува својот 72 роденден, фудбалската гордост на Тетово ова сезона се натпреварува во Трета лига – Запад, каде е есенски шампион со амбиции за враќање во Втората македонска фудбалска лига.

Тетекс е оформен во далечната 1953 година тогаш под името ФК Текстилец, а основач на ФК Тетекс бил комбинатот Тетекс, па затоа се познати и под името „текстилци“ како и „штофари“.

Во пролетниот дел Тетекс ќе се бори со Влазерими за освојување на шампионската титула во Трета лига – Запад, а потоа преку баражот да обезбеди враќање во Втора лига, откако лани испадна од второлигашкото друштво.

Од клубот најавуваат повеќе енергија за предизвиците кои ги имаат и победнички моменти, за посветла иднина и враќање на клубот каде што припаѓа, а амбициите растат.

„Нека оваа значајна годишнина, 72 години постоење на Фк Тетекс, донесе уште повеќе енергија, нови предизвици и победнички моменти! Посакуваме здравје, радост и многу нови триумфи, како во фудбалот, така и во секој аспект од животот и конечно враќање на Тетекс таму каде што припаѓа! 72 години ФК Тетекс – нека традицијата продолжи, а амбициите растат“, велат од ФК Тетекс.

Пролетниот дел во Трета лига – Запад екипата на Тетекс го отвара веднаш со дерби против директниот конкурент за баражот екипата на Влазерими.

Сподели

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!