Ракомет

Филип Талевски е нов ракометар на Струга

Сподели
Сподели

Ракометниот клуб Струга за плеј-аут сегментот добива нов ракометар кој ќе треба да помага на клубот предводен од Наум Танески да избори опстанок во Суперлигата.

Се работи за кружниот напаѓач Филип Талевски кој пристигна од редовите на супеерлигашот Радовиш, каде со овој тим Талевски се избори за влез од Првата лига во Суперлигата, а го носеше дресот сезона и пол, по што двете страни се разделија, а Талевски ја засили Струга.

Низ својата кариера битолчанецот уште настапуваше и за Алушовски, Еурофарм Пелистер 2 и Аеродром. Талевски е трето засилување за Струга, откако овој тим се засили и со десниот бек Лазад Адамовиќ и десното крило Александар Стојков.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден пораз во квалификациие за Европското првенство, откако загуби од Андора на гостински терен со 2:1. Во...

Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига. Поради жолти картони овој викенд односно...

Поврзани написи
Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува...

Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако...

Ракомет

Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ ќе се одржи од 19 до 23 август во Охрид

Традиционално, ГРК Охрид и општина Охрид, го најавија Меѓународниот ракометен турнир „Крсте...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!