Прволигашот Воска Спорт од Охрид за пролетната полусезона се засили со Дарко Грозданоски, кој доаѓа од редовите на второлигашот Кожуф од Гевгелија.
Се работи за 25-годишен фудбалер кој во Кожуф беше најдобар стрелец со седум погодоци, а низ својата кариера Грозданоски во Македонија има настапувано за Силекс, Победа, Беласица и Тиквеш, беше дел од младинскиот тим на Црвена Звезда, потоа во Србија настапуваше и за Прва Искра, додека пак во Црна Гора настапуваше за Грбаљ.
Воска Спорт добива одлично засилување во своите редови, а Грозданоски со своето искуство ќе треба да му помага на охридскиот прволигаш во опстанокот во Првата лига.
Во недела Воска Спорт на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе го пречека тимот на Беса од Добри Дол и тоа ќе биде од дното на табелата за опстанок.