Ракомет

Дерби на Скопје и Македонија ЃП, Еурофарм Пелистер 2 како голем фаворит против Кичево

Сподели
Сподели

Овој викенд започнува пролетниот дел во Првата ракометна лига со натпреварите од 14. коло на групата А и групата Б. Во рамки на групата А екипата на Астрион во Струмица ќе го пречека тимот на Аеродром, во израмнет дуел од дното на табелата каде и двете екипи меѓусебно ќе се борат за второто сезонско славје.

Кичево на домашен терен ќе има претешка задача против апсолутниот фаворит Еурофарм Пелистер 2, каде битолчани се главни фаворити за експресно враќање во Суперлигата, додека пак Мулти Есенс на домашен терен ќе игра против Овче Поле, а слободни ќе бидат екипи на Металург РА и Јехона.

Во рамки на групата Б ланскиот суперлигаш Вардар Неготино ќе го пречека тимот на Шампион во улога на фаворит, дербито ќе го одиграат ланскиот суперлигаш Скопје и Македонија ЃП, каде гостинскиот тим засилен ќе бара побега и ќе атакува на освојување на второто место во плеј-офот со цел преку бараж да се обиде да влезе во Суперлигата.

Драчево ќе се соочи на домашен терен против Партизан од Гевгелија, а пак Текстилец во Штип го чека фаворитот Младост од Богданци кој лесно ќе ги освои бодовите.

Слободна екипа во групата Б во рамки на првото пролетно коло е Преспа Вардар од Ресен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од...

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант...

Ракомет

Бутел брка три гола негатива за европски пресврт пред домашната публика!

Ракометарите на Бутел Скопје ги очекува важен европски предизвик. Македонскиот тим, викендов...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!