Ракометниот прволигаш Македонија ЃП претстави уште три нови засилувања за вториот дел од сезоната, каде во плеј-офот ќе води борба за освојување на второто место кое води кон баражот за можен пласман во Суперлигата.
За таа цел Македонија ЃП го претстави голманот Давид Стојкоски, Михајло Ксотовски и Бојан Чакалиќ.
Стојкоски заедно со Таневски ќе биде бедемот меѓу стативите на Македонија ЃП, за пролетните предизвици, Костовски доаѓа од редовите на ланскиот суперлигаш Милти Есенс, а пак Чакалиќ од редовите на Скопје, екипа која лани испадна од Суперлигата.
Македонија ЃП пролетниот дел од сезоната го отвара со дерби против лидерот во групата Б, екипата на Скопје. Овој меч ќе биде и дербито на 14. коло, а мечот стартува во 14 часот.