Прволигашот Гостивар се засили со младиот голман Баки Алиу, кој доаѓа од редовите на Башкими.
20-годишникот во Македонија беше дел и од Њу Старс, а потекнува од академијата на Шкупи. Имаше своја авантура и во Германија, настапувајќи за нисколигашот Кенигсборнер.
Гостивар во пролетниот дел од сезоната ќе води борба за титулата и за излез во Европа, а в недела во рамки на првиот пролетен натпревар ќе игра дерби со актуелниот шампион Струга Трим Лум.