Втора лигаФудбал

Брегалница повеќе не е блокирана од ФИФА за трансфери, може да регистрира играчи!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Брегалница повеќе не е блокиран од страна на ФИФА и ќе може да регистрира нови играчи, откако раководството на штипскиот клуб го реши проблемо, а најверојатно станува збор за долг кој клубот го имал кон играч или тренер, а забраната за трансфери се активнира по негова пријава.

Брегалница беше ставена на листата за забрана на траснфери од страна на ФИФА на 24. јануари 2025 година, а се однесуваше на следните три преодни рока.

Клубот успеа да го реши овој проблем со цел да може да регистрира и нови играчи за да биде конкурентен тимот во борбата за влез во Првата лига.

На листата останува и натаму Шкупи, кој имаше две забрани, едната е другата, а едната и натаму е оставена, а таа е добиена на 26. декември 2024 година и се однесува на следните три преодни рока.

Претходно и Воска Спорт беше на оваа листа, но клубот експресно го реши проблемот и по неколку денови беше тргнат од оваа листа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!