Втора лигаФудбал

Каменица Саса како домаќин ќе игра во Турново против Кожуф

Сподели
ФОТО: Стадион „Кукуш“ во Турново | АРХИВА, февруари 2024
Сподели

Стадионот во Македонска Каменица е суспендиран на два натпревари, а тоа ќе значи дека второлигашот Каменица Саса два меча ќе мора да одигра на неутрален терен.

Во сабота во рамки на првото пролетно коло екипата на Каменица Саса како домаќин против Кожуф ќе игра на стадионот “Кукуш” во Турново.

Саса и мечот од 18. коло или трето пролетно коло против Брегалница ќе треба да го одигра на неутрален терен, останува одлуката на клубот од малото рударско гратче дали тоа би било одново во Турново.

Жителите на Македонска Каменица првиот пролетен меч на Саса ќе го проследат дури во рамки на Македонија ЃП во рамки на 20. коло кое ќе се игра на 8. март.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

Поврзани написи
КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!