Втора лигаФудбал

Реми на Победа и Башкими на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашите Победа и Башкими одиграа пријателски натпревар со цел брусење на формата за пролетната полусезона која ќе започне на 15. февруари.

Натпреварот заврши без победник со по еден гол на двете страни за конечни 1:1. Победа прва дојде до водство во 15. минута од мечот, а пак Башкими преку новото засилување Фахрудин Ѓурѓевиќ во 38. минута ги постави конечните 1:1.

Двете екипи во пролетниот дел имаат различни цели. Победа сака сигурен и директен опстанок во Втората лига, со цел да не се повтори ланското сценарио кога преку браж се избори за опстанок во Втората лига, совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово. Од друга страна, пак, Башкими ќе води борба за влез во Првата лига, откако есенскиот дел го заврши на третото место или во бараж зоната со само бод негатива во однос на Брегалница која е втора.

Победа пролетниот дел го отвара токму против Брегалница, додека пак Башкими на домашен терен стартува против Борец од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го големото македонско ракометно дерби во живо од Битола: Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер против непоразениот лидер Вардар. Следете го мечот во живо.

Кошарка

Познати двојките за четвртфиналето од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција

По завршувањето на седмото коло во Прва женска кошаркарска лига, веќе се јасни позициите на табелата и учесниците во четвртфиналната фаза од Купот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Игор Иванов ќе им суди на Детонит Плачковица и Скопје

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит...

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Како ќе се засилуваат второлигашите во зимскиот преоден рок?

Македонските второлигаши заминуваат на заслужен одмор, останува уште мечот во Радовиш меѓу...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!