Трета лигаФудбал

Најавите на Спортска Мрежа потврдени: Влазерими претстави девет нови засилувања – играчи со искуство за нов бараж!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977 | АРХИВА
Сподели

Влазерими има нова мисија оваа сезона по третпат да стане шампион во Трета лига – Запад и со тоа да го обезбеди баражот, па од третпат да се обиде да обезбеди влез во Втората лига.

Влазерими две години по пред е шампион, но две години по пред не ги поминува баражите, минатата сезона загуби од Борец, а претходно од Башкими. Тоа за кое Спортска Мрежа со години зборува е дека баражите треба да станат минато, практичен пример е Влазерими, баражи треба да се укинат, а да се овозможи директен влез на шампионите.

Борбата Влазерими ќе ја води со есенскиот шампион Тетекс, двете екипи ги очекува неизвесна пролетна полусезона, а тимот на Влазерими за таа цел претставу дури девет засилувања, дел од нив Спортска Мрежа ги најави изминатиот период, а клубот сега и официјално потврдува.

Нови имиња во тимот од Кичево се Ресул Рамадани, Агон Хајредини, Христијан Крклински, Иве Трифуновски, Насаф Шабанов, Сами Аљиљи, Ариф Садики, Егзон Османи и Арбен Бајрами.

Рамадани е 21-годишен фудбалер, кој доаѓа од прволигаш Беса, а беше дел и од поранешниот прволигаш Ренова.

Спортска Мрежа ги најави трансферите на Хајредини, Крклински, Трифуновски и Шабанов.

24-годишниот Хајредини пристигна од струшки Караорман, а низ својата кариера беше дел и од охридска Воска Спорт, Слога од Виница, Велешта, Струга Трим Лум, Дрита од Боговиње и Шкендија.

Крклински доаѓа од второлигашот Новаци а 28-годишникот има настапувано и за Светлост од Кукуречани, Кораби, Слога Виница, Црно Буки, Плачковица, Осогово, Скопје, Пелистер и Кравари.

Искусниот Трифуновски исто така доаѓа од редовите на второлигашот Новаци. 34-годишниот Трифуноски е искусен фудбалер, во минатото ги бранеше боите на Пелистер, Брегалница и Кравари.

Шабанов, за кој исто така Спортска Мрежа го најави трансферот во кичевскиот клуб, доаѓа од второлигашот Новаци. Шабанов во минатото имаше свои авантури во Хрватска и Германија, а во Македонија беше дел од поранешните второлигаши Локомотива од Градско и Братство од Житоше, Плачковица, Вардар Неготино, Превалец и Беласица.

Аљиљи е искусне фудбалер, кој дојде од третолигашот БВК Коњаре, а во минатото беше дел од второлигашот Башкими и Ринија. Познато е дека Аљиљи во својата кариера има настапувано и за најдобрите футсал екипите во Македонија.

Садики кој има 23-години доаѓа од второлигашот Башкими, додека пак Османи кој има 26-години исто така доаѓа од редовите на кумановскиот второлигаш Башкими, а има настапувано и за екипите на Беса Влазрими, Братство Влазними, Гоблен и Милано. 29-годишниот Бајрами носи меѓународно искуство, настапувајќи за албански Лузи, а во минатото ги бранеше боите на Камјани, Беса и Тетекс.

Влазерими утре ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде ќе биде вистинска борба за првото место, бидејќи лидер е Тетекс со четири бодови повеќе, но „штофарите“ од Тетово имаат меч повеќе во однос на Влазерими, а токму првото пролетно коло ја носи директната дерби пресметка меѓу овие две екипи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!