Трета лигаФудбал

Шабанов и Хајредини нови играчи на Влазерими од Кичево

Сподели
ФОТО: ФК Новаци
Сподели

Екипата на Влазерими од Кичево за пролетниот дел од сезоната каде ќе води борба по третпат да стане шампион и по третпат да игра бараж за Втора лига се засили со Насаф Шабанов и Агон Хајредини.

25-годишниот Шабанов доаѓа од редовите на второлигашот Новаци, а низ својата кариера беше дел од некогашните второлигаши Локомотива од Градско и Братство од Житоше, Плачковица, Вардар Неготино Превалец и Беласица, Шабанов имаше авантури во Хрватска и Германија.

24-годишниот Хајредини во Влазерими доаѓа од струшки Караорман, а претходно беше дел од Воска Спот, Слога Виница, Велешта, Струга, Дрита од Боговиње, Шкендија и Караорман од каде и потекнува.

Влазерими е втор на табелата во Трета лига – Запад со четири бода негатива во однос на лидерот Тетекс, со тоа што „штофарите“ имаат меч повеќе одиграно, а двете екипи ќе се соочат меѓусебно во првото пролетно коло.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!