Останато

ВИДЕО: Кик-боксерка Марија Димовска среде Грција освои златен медал и го развеа македонското знаме

Сподели
Сподели

Македонската кик-боксерката Марија Димовска среде Грција освои златен медал на Атина Челинџ Европскиот Куп и го развеа македонското знаме со голема радост и среќа после овој голем успех. Димовска во големото финале на категорија лоукик до 60 килограми славеше против Гркинката Хелен Каталагариану.

Димовска е член на кик бокс клубот Енерџи од Битола, каде кик-боксерката работи со искусниот тренер Александар Димовски, а резултатите на Марија Димовска не се случајни.

Како што вели тренерот Димовски за Спортска Мрежа, со напорна работа и редовно учество на меѓународни рангирани клупски турнири, Марија Димовска има одлични резултати.

„За резултати и успесите на Марија, но и на кик бокс клубот Енерџи можам да кажам дека се е резултат на континуиран тренинг и дисциплина. Резултатите не се случајни и за да се стигне до нив, ние редовно учествуваме на меѓународни рангирани клупски турнири каде со секоја победа собираме ранкинг поени и искуство со најдобрите борци во категоријата и дисциплината во која се натпреваруваме“, изјави тренерот Алексадар Димовски за Спортска Мрежа.

Димовска е репрезентативец на Македонија од 2022 година како постар кадет, кога сè уште се бореше на татами во дисциплината киклајт, раскажува тренерот Димовски за Спортска Мрежа.

Пред две години односно во 2023 година Димовска станува вице европски првак на Европското првенство за млади во Истанбул, Турција, а веќе во 2024 година Димовска со напорна работа и тренинзи го освојува златниот медал на Светското првенство за млади во Будимпешта, Унгарија. Дополнително, Димовска има уште еден голем успех зад себе, бидејќи таа е цела година без пораз во дисциплината и категоријата на која се натпреварува, односно тоа е лоукик јуниор на минис 60 килограми.

Како што вели тренерот Александар Димовски, резултат за ваквите големи успеси на Марија и на кик бокс клубот Енерџи е континуиран тренинг и дисциплина, а Марија тоа го покажува со бројните медали кои ги освојува на големите натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!