Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, познати судиите за 15. коло

Сподели
Сподели

Фатмир Бафто е делегиран за главен судија на дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, со кој в сабота од 13:00 часот во Кавадарци ќе се затвори 15. коло во Првата македонска фудбалска лига. Колото почнува в петок со натпревари на Чаир и во Куманово, а саботната програма ја отвораат дуелите во Гостивар и Кратово, двата од 12:00 часот.

  • Петок, 27 ноември

Шкендија Арачиново – Брегалница | 12:00, Чаир

Главен судија е Стојанче Трпчевски, со помошниците Дарко Видински и Филип Ицковски. Четврти судија е Александар Василевски. ВАР е Бењамин Ќерими, АВАР Гоце Петрески, а оператор за повторување на снимка Деан Стефков. Делегат е Кочо Зердески, а контролор Илир Сеља.

Башкими – Скопје | 13:00, Куманово

Главен судија е Александар Грујоски, со помошниците Вјолца Изеири и Александар Ѓорѓески. Четврти судија е Александар Урошевиќ. ВАР е Игор Стојчевски, АВАР Мартин Дејаноски, а оператор Петар Мукоски. Делегат е Зоран Перески, а контролор Љубе Ристевски.



  • Сабота, 28 ноември

Арсими – Вардар | 12:00, Гостивар

Главен судија е Стојанче Стојанов, со помошниците Мартин Петковски и Дарко Јовчевски. Четврти судија е Марјан Дејаноски. ВАР е Пларент Салихи, АВАР Фуркан Идризи, а оператор Матеј Димитриевски. Делегат е Зоран Ѓорески, а контролор Иса Емурли.

Силекс – Струга Трим Лум | 12:00, Кратово

Главен судија е Бењамин Ќерими, со помошниците Гоце Петрески и Александар Ѓурковски. Четврти судија е Ндерим Тефику. ВАР е Александар Урошевиќ, АВАР Вјолца Изеири, а оператор Диме Димовски. Делегат е Драган Блажовски, а контролор Сашо Лазаревски.

Тиквеш – Шкендија | 13:00, Кавадарци

На Фатмир Бафто ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Владимир Митревски, а четврти судија е Благојче Ралевски. ВАР е Александар Грујоски, АВАР Дарко Видински, а оператор Виктор Васев. Делегат е Васко Бошевски, а контролор Дејан Јакимовски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, познати судиите за 15. коло

Фатмир Бафто е делегиран за главен судија на дербито меѓу Тиквеш и Шкендија, со кој в сабота од 13:00 часот во Кавадарци ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Рајт: Возбуден сум што ќе играм пред македонската публика во Скопје

Мозес Рајт пристигна директно од авион во салата „Лазар Лечиќ“, каде веднаш им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовките за вечерашниот натпревар...

Поврзани написи
Фудбал

ФФМ ја усвои стратегијата „Време за фудбал“ 2027- 2031 година

На денешната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија усвои неколку...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Одлуки на дисциплинска комисија на ФФМ: Тримесечна суспензија за Туриманџов, казни и за Работнички и Аресими

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нови одлуки за...

Прва лигаФудбал

Тиквеш може да ја прескокне Шкендија: Две гостувања го ставаат врвот на ПМФЛ на испит

Петнаесеттото коло во Првата македонска фудбалска лига носи директна пресметка за второто...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!