Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: ФК Јанг Тим од Струга нижи големи успеси низ Европа, со учество на најсилни турнири!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Јанг Тим од Струга бележи големи успеси и има „производ“ на одлични и талентирани млади фудбалери. Фудбалската академија е предводена од двајцата искусни тренери, станува збор за Сеит Крека и Милот Лена. Двајца стратези кои имаат искуство и во сениорскиот фудбал, како дел од стручниот штаб во прволигашот Воска Спорт од Охрид, каде во есенската полусезона младите тренери направија одлични резултати со охридскиот прволигаш.

Сеит и Лена се лиценцирани и едуцирани тренери со искуство од Првата македонска фудбалска лига, а тоа е уште една голема шанса за да учат младите фудбалски таленти.

ФК Јанг Тим располага со 140 деца на возраст од 5 до 14 години, располага со терен со природна трева во село Мороишта, струшко, како и со два мали терени со вештачка трева во Струга.

  • ЈАНГ ТИМ ИМА СОРАБОТКА СО ФУДБАЛСКИ ГИГАНТИ КАКО БАРСЕЛОНА, ЈУВЕНТУС, МАНЧЕСТЕР СИЛИ, ПОРТО…

Јанг Тим е шампион на Македонија во Детската лига на ФФМ со генерација 2011, со над 100 трофеи во регионалните лиги, како и со учество на силни турнири ширум Европа.

Четири тренинга неделно за младите фудбалски таленти, натпревари во Детските лиги на ФФМ, регионална лига, пријателски натпревари, учество на најмалку еден силен турнир низ Европа и учество на повеќе турнири низ Македонија.

Јанг Тим има одлична соработка со големи фудбалски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Јувентус, Порто, Рапид Виена, италијанска Аталанта, Валенсија, Базел, Милан и други европски гиганти, што претставува одлична можност за младите фудбалски таленти да одат на мегдан со големи фудбалски имиња.

Јанг Тим во период од 1. до 2. февруари ќе биде гостин во Струмица кај Академија Пандев Брера Струмица со генерација 2013 и 2016, каде ќе земе учество на еднодневен турнир и со генерација 2014, на турнир каде учество ќе земаат повеќе силни екипи.


Веќе во период од 26. февруари до 2. март Јанг Тим патува во Барселона со генерација 2013 или У12, каде фудбалерите на Јанг Тим ќе играат натпревари против екипи како Барселона, Валенсија, Виљареал, Бенфика, Евертон, Спортинг и други силни европски гиганти, а Јанг Тим ќе учествува во вторпат.

Во период од 6. март до 9. март Јанг Тим заминува на нов силен турнир во Хрватска каде ќе учествува на „Umag Trophy“ со генерација 2016 односно У9. На овој турнир во Хрватска учество ќе земаат дури 96 екипи само во една генерација, што само по себе зборува дека се работи за многу силен турнир со огромен интерес, а тука ќе учествуваат и Арсенал, Барселона, Јувентус, Милан… На овој турнир Јанг Тим оди по третпат.


Од 18. април до 22. април Јанг Тим ќе учествува и на турнир во Брисел, со две генерации односно 2015 У10 и 2016 У9. Се работи за еден од најсилните турнири во Европа, каде што може да земеш учество на истиот само преку квалификации. Јанг Тим ќе биде дел од најврвните фудбалски школи како Ајакс, ПСВ, Барселона, Атлетико Мадрид, Интер, Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Челзи, Фенербахче…

Во период од 25. до 27. април во Грција, Јанг Тим заминува со генерација 2017/2018 односно У8 или најмалата група која за првпат ќе биде дел од Меѓународен турнир односно „Aridaia Easter Cup“.

Во период од 20. јуни до 22. јуни учество на „Champions Trophy“ или Лига на шампиони за генерација 2015 односно У10 во Виена, каде Јанг Тим ќе биде дел од најврвните школи во Европа, а за неколку дена ќе бидат потврдени учествата на Меѓународни турнир низ Европа и за генерација 2011/12 и 2014.

Сите деца кои имаат интерес и сакаат да бидат дел од ова успешна фудбалска приказна и да учат од искусните тренери Сеит Крера и Милот Лена, може да се пријават или да се информираат за повеќе информации на +38971881253 Сеит Крека и +38973240983 Милот Лена.


Јанг Тим е достапна и на социјалните мрежи односно на Facebook, како и на Instagram, каде исто така можете да контактирате за повеќе информации или за уписи, а каде може да ги следите сите нивни активности.

Јанг Тим е успешна приказна која веќе трае долги години односно од 2018 година, со многу внимание и љубов, со правилен пристап кон младите фудбалери, секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент, се почитува неговата посветеност на тренинг и на натпревари, а успесите доаѓаат со правилна работа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. септември 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ организираше семинар за медицински лица на тема – Ургентни состојби и траума во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“. Настанот го проследија...

Трета лигаФудбал

(ВИДЕО) Нема субвенции за третолигашите, министерот Ристовски вели дека спортот не е социјална мерка, спортот не е земјоделие!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вели дека екипите во Третата македонска фудбалска лига нема да добиваат субвенции, односно финансиска помош од министерството. Ристовски,...

Поврзани написи
ФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ организираше семинар за медицински лица на тема – Ургентни состојби и траума во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти...

Трета лигаФудбал

Шабанов и Хајредини нови играчи на Влазерими од Кичево

Екипата на Влазерими од Кичево за пролетниот дел од сезоната каде ќе...

Втора лигаФудбал

Штипска Брегалница се засили со Лука Георгиев

Второлигашот Брегланица од Штип за вториот дел од сезоната во Втората лига...