Ракомет

Радовиш утре ќе се тестира со Младост Богданци, натпреварот ќе биде хуманитарен за малиот Кристијан!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Радовиш веќе утре ќе одиграат нов пријателски натпревар против прволигашот Младост од Богданци, што ќе биде втор контролен меч во три дена, откако вчера радовишани ја тестираа формата против Вардар Неготино.

Утрешниот пријателски натпревар ќе има и хуманитарен карактер, ќе се игра за малиот Кристијан, каде влезот ќе биде 100 денари, а собраните средства ќе биде донирани за лекување на 7-годишниот Кристијан.

„Кристијан е дете на 7 години кој нема говор носен е на повеќе иситувања кај лекари и давани му се терапии кои не му помогнаа да добие говор како последна надеж родителите и Кристијан се упатуваат кон центарот томатис во Белгија, но фамилијата не е финансиски моќна за ова лековање и затоа да му помогнеме на оваа прекрасно дете“, велат од РК Радовиш.

Натпреварот ќе започне во 19 часот, а утре покрај за ракомет во салата треба да се биде и за Кристијан, да ја покажеме хуманоста на дело.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Реми без голови во Крива Паланка на Осогово и Речица

Седмото коло во Трета лига регион 2 беше отворено вчера во Крива Паланка, но воведниот меч не понуди ниту победник, ниту голови. Академија...

Втора лигаФудбал

Охрид на врвот во Втора лига, победничка фотка по победата над Работнички

Охрид останува на врвот во Втората македонска фудбалска лига, откако со минимални 1:0 го совлада Работнички во дербито на 9. коло. Давид Матески...

Поврзани написи
Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

Ракомет

Вардар максимален по осум кола, Тиквеш се намачи со Куманово

Ракометарите на Вардар 1961 продолжуваат со максимален ефект во домашната Суперлига, додека...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!