Прва лигаФудбал

Шампион Струга Трим Лум пристигна во Анталија, за два дена и првиот пријателски меч на турско тло!

Сподели
ФОТО: F.C. Struga
Сподели

Актуелниот шампион Струга Трим Лум пристигна во Анталија, Турција, каде ќе ја одработи главната фаза од подготовките за вториот дел од сезоната, каде стружани водат борба за одбрана на титулата во Првата македонска фудбалска лига.

На сонце и висока температура стружани ќе ја темпираат пролетната форма за нивниот главен предизвик – одбрана на титулата, каде ги очекува повеќе од неизвесна и голема борба.

Досега Струга се засили со Папе Фал од Сенегал, како и со младиот Хамза Меметриза од второлигашот Башкими.

Првиот пријателски натпревар на турско тло Струга го игра на 20. јануари кога за противник ќе ја има добро познатата унгарска екипа на Дебрецин.

Корона Киелце од Полска ќе биде вториот противник на 24. јануари, додека само ден подоцна стружани ќе се соочат со Рубин Казањ од Русија.

Четврти противник на Струга во Анталија ќе биде екипата на Кизилхар од Казахстан, додека на последниот дел од јануари, Струга ќе се тестира со Михаловце од Словачка.

На 1. февруари Струга се враќа во Македонија, а првиот меч од пролетниот дел го игра против Гостивар што ќе биде дерби дуел за титулата и обезбедување на „виза“ за Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Прва лигаФудбал

Брегалница со голема победа во Гостивар, Натаниел ја реши драмата во 92. минута!

Брегалница Штип оствари значајна победа на гостувањето кај Арсими 1973, совладувајќи го домашниот состав со 4-3 во натпревар од 11. коло на Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Брегалница со голема победа во Гостивар, Натаниел ја реши драмата во 92. минута!

Брегалница Штип оствари значајна победа на гостувањето кај Арсими 1973, совладувајќи го...

Втора лигаФудбал

Осогово се израдува на првиот триумф, победничка фотка од соблекувалната

Осогово дури во 9. коло на Втората лига стигна до првата сезонска...

Прва лигаФудбал

Стојанов: Атмосферата во Брегалница е добра, одиме на три бода против Арсими

Брегалница е една од двете екипи во Првата македонска фудбалска лига која...

Прва лигаФудбал

Џемаили: Арсими сака три бода во дуелот со Брегалница

Арсими ги продолжува подготовките за следниот првенствен натпревар против Брегалница, средба која...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!