РакометСветско првенство 2025

ИХФ парично ја казни РФМ со 10.000 франци, затворени дел од трибините во Вараждин!

Сподели
ФОТО: RK Eurofarm Pelister
Сподели

Светската ракометна федерација попладневно со соопштение информираше дека Ракометната федерација на Македонија е казнета парично со 10.000 швајцарски франци, за синоќешниот дуел меѓу Македонија и Холандија, поради инцидентите што се случија на трибините.

Дополнително, од ИХФ истакнаа дека во иднина ваквите инциденти ќе бидат санкционира и со забрана за присуство на навивачи во „Вараждин арената“.

За натпреварот со Гвинеја ќе биде затворен просторот зад клупите каде седат играчите, дополнително е наложено зголемено присуство на полиција и обезбедување во Вараждин, а гледачите кои ќе бидат во сала да бидат информирани за сите вакви промени.

Поради слаба организација на натпреварот и Хрватската ракометна федерација заработи парична казна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Огражден со нова победа, нов кикс на Овче Поле, Саса покажа моќ во Делчево

Седмото коло на Трета лига – Регион 3 донесе уште неколку интересни резултати со коишто практично ќе биде доста неизвесна трката околу првата...

Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, иако на реваншот во „Расадник“ славеа против Горица...

Поврзани написи
Ракомет

Бутел славеше над Горица, но европскиот пат заврши во второто коло

Ракометарите на Бутел Скопје ја завршија европската авантура во второто коло од...

Ракомет

Алкалоид со нова убедлива победа над Ферлах за пласман во следната рунда!

Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со сигурни чекори во ЕХФ Европскиот Куп, откако...

Ракомет

Блажески: Охрид не чувствува притисок од европската круна, целта е нов успех!

ГРК Охрид со уште една убедлива победа над Спор Тото ја потврди...

Ракомет

Вицешампионот Еурофарм Пелистер славеше над Младост од Богданци

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога и со убедливи 36-21...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!